ИПА Куманово организира хумананитарна акција по повод Денот на полицијата

11.05.2024 10:45 | KumanovoNews

По повод Денот на македонската полиција, ИПА Регион Куманово во соработка цо Црвен крст ја организира традиционалната хуманитарна акција.

ИПА Куманово организира хумананитарна акција по повод Денот на полицијата

Акцијата се одвива денеска од 10 до 15 часот во просториите на канцеларијата на ул. Октомвриска револуција, бр. 60. Сите заинтересирани може да донираат прехрамбени производи, средства за лична хигиена и облека. Ќе биде поставена и кутија за добороволно давање на парични средства.

„Се повикуваат сите ИПА членови и ИПА пријатели, партнери и подржувачи да земат активно учество во оваа хуманитарна акција“, велат организаторите. 

Оваа хуматитарна акција традиционално неколку години по ред се одвива во соработка со Општинска организација на Црвен Крст од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk