Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изработена е веб страната www.kokino.mk, која ќе служи за туристичка промоција на локалитетот Кокино.
Дополнително со промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување, Музеј Куманово заедно со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија, ќе ја развива мегалитската опсерваторија.
Целта на проектот е овој локалитет да стане лесно достапен за туристите, а воедно да се зачува неговиот автентичен изглед.
Опсеваторијата ја посетуваат од 10 000 до 20 000 туристи годишно, но целта е во иднина оваа бројка да се зголеми.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk