Ишаран споменикот на Тито во центарот на Куманово

25.05.2018 23:44 | KumanovoNews

Спомен плочата на претседателот на поранешната СФРЈ, Јосип Броз -Тито, која се наоѓа во центарот на Куманово, вечерва е ишарана со црна боја, нацртан е кукаст крст и испишани се навредливи пораки.

Ишаран споменикот на Тито во центарот на Куманово

Не е познато кој го вандализирал споменикот и го исцртал нацистичкиот симбол.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на Фејсбук го осуди овој грозоморен настан и апелираше до надлежните да го пронајдат сторителот и изведат пред лицето на правдата.

„Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија“, - порача Димитриевски.

И претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, за срамно и кукавички го оцени однесување на поединци, кои стојат зад овој немил настан.

Граѓаните на Куманово се згрозени од вандализмот  и бараат извршителите на ова дело да се казнат.

Сквернавењето на споменикот се случи на 25 Мај,  на некогашниот Ден на младоста кога се славеше роденденот на врховниот командатн и претседател. Денеска на споменикот подржувачите на Тито положија цвеќе и го одбележаа овој датум.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk