Исчезна 39-годишна кумановка

17.03.2019 21:29 | KumanovoNews

Кумановка е пријавена за исчезната откако од вчера не се вратила во својот дом.

Исчезна 39-годишна кумановка

Случајот во Кумановската полиција го пријавил нејзиниот сопруг И.Ј.(50) од Куманово, кој рекол дека неговата 39-годишна сопруга М.Ј. се одалечила од нивиот дом и не можат да ја најдат.

Таа имала здравствени проблеми и претходно излегувала од домот, но се враќала, информираа од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk