Исчезна жена од Нагоричане и момче од Куманово

01.02.2015 11:34 | KumanovoNews

 Жена од селото Старо Нагоричане и момче од Куманово, исчезнале во изминатите два дена.

Исчезна жена од Нагоричане и момче од Куманово

Ј.Ц.(34) во петокот околу 9 часот излегла од дома, заминала во непознат правец и не се вратила. Случајот во полиција, вчера, го пријавил нејзиниот сопруг С.Ц.(42).

 Во вториот случај се работи за М.М.(22) од Куманово, кој вчера излегол од дома и не се вратил. Неговата мајка А.Т.М. синоќа пријавила во полиција дека  околу 17 часот нејзиниот син исчезнал.

Се преземаат мерките за пронаоѓање на двајцата.

И минататa недела исчена 34 годишен маж од Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk