Исчезнатото дете најдено во Средорек

20.05.2015 13:23 | KumanovoNews

Четиригодишниот Агрон Небиу, кој утринава исчезнало од дома, бил пронајден во близина на Автобуската станица.

Исчезнатото дете најдено во Средорек

 Според информации од неговиот татко за Кумановоњус, детето случајно го прошол негов пријател, кој работел во едно од јавните претпријатија во градот. Тој го забележал како со друго 6-годишно дете се шетаат по улицата. Откако го препознал му се јавил и го известил каде се наоѓа. Семејството Небиу живее во населбата Тоде Мендол во близина на џамијата, а детето излегло од дома околу 10 часот да се игра. Откако се изгубиле, двете деца три часа талкале по улиците. Во одењето му испаднале и влечките па одело босо.  Момчето било најдено пред да го пријават случајот во полиција.  Од СВР Куманово потврдија дека кај нив не е пријавен случај за исчезнување на малолетно дете. 

По исчезнувањето, роднините апелираа преку медиумите да се помогне во пронаоѓање на детето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk