Исчезнатото девојче се јавило дома

14.03.2015 11:48 | KumanovoNews

Девојчето од Куманово, кое вчера попладне било пријавено за исчезнато, се јавило по телефон дома.

Исчезнатото девојче се јавило дома

Според информација од СВР Куманово, 17-годишното девојче им соопштило на родителите дека таму каде што се наоѓа е по сопствена воља и дека е жива и здрава. Повеќе детали за случајот не сакаат да откријат од полицијата.

Исчезнувањето на девојчето го пријавил нејзиниот татко, откако таа вчера наутро околу 7 часот излегло од дома и не се вратило до вечерта.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk