Исчезнатото момче пронајдено удавено во Кумановка

02.02.2015 12:29 | KumanovoNews

Безживотното тело на Марко Митревски (22) од населбата Бедиње, кој во саботата попладне исчезнал од дома, утринава е пронајден во реката Кумановка кај “Мај маркет“.

Исчезнатото момче пронајдено удавено во Кумановка

Граѓаните кои живеат во близина го забележале удавеното машко тело во реката и веднаш пријавиле во полиција. Пожарникарите по 12 часот го извадија телото од реката.

“Го видовме телото во 9 часот и веднаш повикавме полиција. По 40 минути дојде полицијата, изврши увид. Три часа телото беше во вода, а можеше многу побрзо да се извади“- раскажува очевидец.

Мајката на Марко, Анита Трајковска раскажува дека син и излегол од дома пред 17 часот и повеќе не се вратил. Случајот го пријавила во полиција, но заедно со роднините го барале момчето покрај реката во Бедиње.

“Тој имаше здравствени проблеми, не излегуваше многу доцна навечер, секогаш се враќаше навреме.  Рече дека ќе оди да прошета, а истото го кажал и на вујна му, која требаше да дојде кај нас. Баба му го виделе во Бедиње и ние веднаш со такси отидовме таму кај мостот, со батерии светевме, го баравме и ништо не најдовме. Помислив да не се фрлил или паднал. Пријавив во полиција ми кажаа да го бараме, и дека мора да поминат 24 часа. Утредента пак отидовме, се проверивме по текот на реката  со брат ми, но не го најдовме“ - раскажа Трајковска.

Од полицијата велат дека телото на момчето е предадено на обудукција. Од таму потврдуваат дека се работи за истото лице кое на 31 јануари е пријавено за исчезнато.Причините за смртта допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk