Исчистени критичните точки на каналите и речните корите во регионот

30.10.2018 06:02 | KumanovoNews

Исчистени и продлабочени се поголем дел од речните корита и одводните канали во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, заради заштита од поплави во престојниот период.

Исчистени критичните точки на каналите и речните корите во регионот

Според надлежните од АД „Водостопанство Кумановско -липковско поле“ досега се исчистени околу 16 километри од критичните точки.

- Последната активност е чистењето и проширувањето на речното корито на реката Пчиња, во близина на меморијалниот центар АСНОМ. Речниот корито е проширено 40 метри во должина од еден километар, а извршена е заштина на мостовите на реката Пчиња. На оваа локација секоја година имаше излевање на водата од речното корито, - информираат од претпријатието.

Исчистено е речното корито од Липково до село Опае. Потоа во бањата Стрновац, а се чистеше и прошируваше речното корито на потегот од селото Зубовце до Шупли Камен, како и одводните канали во селото Романовце и населбата Карпош.

Во наредниот период, екипи на претпријатието ќе работат на расчистување на каналите и речните корита во Клечовце на Крива река, во населбата Ајдучка Чешма и селата Зубовце, Шупли Камен и Тромеѓа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk