Искршената ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ заменета со нова

24.11.2022 17:31 | Оливера Пешевска

 Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ утринава монтираа нова ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ во Куманово. Иако беше најавувано дека ќе се намести бетонски ѕид  или некоја појака заштитна банкина, сепак изработена е потполно иста  ограда како поранешната.

Искршената ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ заменета со нова

 Оградата стоеше скршена речиси две години, тендерот за нејзина санација беше распишан пред  2 месеци, а дури сега работата е завршена.

Населението од улицата „Драган Стопаревиќ“ повеќепати реагира до локалните власти да се најде потрајно и побезбедно решение, бидејќи свиокот кај потпорниот ѕид се смета за „црна точка’ на кумановските сообраќајници, каде се регистрирани бројни незгоди и несреќи со смртни последици за учесниците во сообраќајот.

  „Ваква ограда и самиот ќе наместев. Ќе се залета некој, ќе ја скрши за 3 месеци“ револтиран е еден од сопствениците на куќа на ул. „Драган Стопаревиќ“.

 Во септември годинава,  Општина Куманово распиша тендер за поправка и вети дека се ќе се заврши до крајот на месецот. Беше предвидено да се реконструира постоечката и да се  постави нова еластична ограда со должина од 125 метри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk