Искршени стаклата на два штаба на СДСМ во Куманово

24.09.2018 20:46 | KumanovoNews

Искршени се стаклата на два штаба на СДСМ во Куманово. Случајот  е пријавен во полицијата денеска во 10.40 часот.

Искршени стаклата на два штаба на СДСМ во Куманово

Според МВР, искршени се по три прозорци на два штаба, едниот лоциран на улицата Илинденска, вториот на Тоде Мендол. Во врска со настанот, соопштија од полицијата, приведен е 34-годишниот Д.С. од Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека е запознаен за инцидентот и дека случајот уредно е пријавен во полиција.

– Оставам на истражните органи да го најдат сторителот и да одговара за тоа што го има сторено, изјави Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk