Исплатата на пензиите за јули почнува денеска

31.07.2023 09:35 | KumanovoNews

 Од денеска /понеделник/ започна етапната исплата на пензиите за месец јули.

Исплатата на пензиите за јули почнува денеска

Од Министерството за труд и социјална политика  велат дека подигањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата  се врши на 31.07.2023 година (понеделник);

За пензии над  14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 јули (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk