Исплатени само 20 насто од парите за избирачките одбори

12.12.2013 16:12 | KumanovoNews

Од локалните избори исплатени се само 20 отсто од надоместоците на членовите на избирачките одбори и партиите.

Исплатени само 20 насто од парите за избирачките одбори

Ова прашање на денеска го актуелизираше советничката Ивана Арсеновска од Коалицијата за подобра Македонија.

Првпат се случува за овие локални избори сите трошоци да бидат одговорност на општината. Се задолживме 7,8 милиони денари. Има исплатено 20 отсто од вкупните средства. Ние работиме на задолжителна резерва и се надевам дека за неколку месеци исплатата ќе биде завршена.- одговори градоначалникот Зоран Дамјановски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk