Исплатени субвенциите за млеко

07.10.2022 12:33 | Жаклина Цветковска

Денеска на сметките на 5.851 млекопроизводители се исплатени вкупно 89.455.245,00 денари за мерката 2.3, која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко, информира  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Исплатени субвенциите за млеко

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците јуни и јули 2021 година, согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко  и  4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко. 

“Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за 5 месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури“ , информира директорот Никица Бачовски.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk