Исплатени субвенциите за органско производство за 2021 година

21.11.2022 13:36 | Жаклина Цветковска

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата кон 816 лица со вкупен износ 102.621.983,00 денари за мерката „Органско производство“ за 2021 година.

Исплатени  субвенциите за органско производство за 2021 година

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско производство производство преод, согласно Законот за органско земјоделско производство, или пак имаат земјоделски површини што се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Корисници на оваа мерка се и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk