Истекува рокот за барања за паушално оданочување за земјоделците

01.02.2016 13:14 | KumanovoNews

Рокот за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барања за паушално оданочување на земјоделците истекува денеска, информираат од Управата за јавни приходи.

Истекува рокот за барања за паушално оданочување за земјоделците

Согласно законот, даночните обврзници можат и денеска да ги поднесуваат Годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП и барањата за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ, бидејќи последниот рок за овие пријави се падна во недела кога е  неработен ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk