Истекува рокот за паушално оданочување

18.12.2015 10:00 | KumanovoNews

До 31 декември трае рокот за поднесување барања за паушално оданочување.

Истекува рокот за паушално оданочување

Ова се однесува на луѓе кои обавуваат самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не се во состојба да водат деловни книги или водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста. Тие имаат право да поднесат Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход  до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќаат според паушално утврден нето-приход.

“За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2016 година, покрај тоа што треба да го поднесете Барањето ПДД-П најдоцна до 31 декември 2015 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови: да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари, да не вработувате други лица, во дејноста да не вложуваат и други лица и да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две годишни просечни плати“ - велат од УЈП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk