Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои се занимаваат со земјоделство, како основна или дополнителна дејност, и лани оствариле приход до 1.300.000 денари, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.
Доколку досега граѓаните не се регистрирале во УЈП како даночни обврзници, кои остваруваат приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесат пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, -вели Сузана Стошевска Николовска, координатор во УЈП Куманово и портпарол на Регионална дирекција Штип.
Ако граѓаните веќе се регистрирани во УЈП како обврзници и остваруваат приходи од земјоделска дејност, тогаш е потребно да поднесат само Барање за паушално оданочување. Пријавата и барањето можат се најдат на шалтерите на УЈП Даночно одделение Куманово или на веб страната на УЈП.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk