Истепал полицаец затоа што сакал да го легитимира

02.10.2014 09:25 | KumanovoNews

Р.Р.(18) од Куманово удрил полицаец по главата затоа што сакал да го легитимира.

Истепал полицаец затоа што сакал да го легитимира

Инцидентот се случил на ул. „Иво Лола Рибар“, околу полноќ,  кога двајца полициски службеници се обиделе да го легитимираат момчето. Тој почнал прво да ги навредува и во еден момент турнал еден од полицајците, а потоа го удирил со тврд предмет во пределот на главата.  При што му нанел телесни повреди.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Р.(18)за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk