Истрага за полов напад врз дете

26.01.2022 15:03 | KumanovoNews

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Истрага за полов напад врз дете

На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и и се заканил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена, соопшти Основното јавно обвинителство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk