Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Облак прашина се дигаше денеска на Градскиот плоштад, кога градежни работници истураа градежен шут од повисоките катови што го вадеа од фасадата на осмокатницата.
Покрај прашината која паѓаше на минувачите, на сите страни летаа парчиња од песок, камења и бетон, па сите што се најдоа тука бегаа настрана, и со неверување гледаа што се случува.
„Невидено безобразие и самоволие. Истураат остатоци од малтер од 15 метри, наместо да го спуштаа со кофи или да пуштаат низ некоја цевка за да нема прашина. Се живо испрашија и извалкаа. Ќе ги прашам да се некаде на запад, веднаш ќе им ја затворат фирмата, а овде прават што сакаат, - вели еден гастарбајтер, кој со своите две деца шеташе по плоштадот.
И останатите граѓани ги повикуваа инспекциските служби да го посетат градилиштето и да побараат од работниците да ги почитуваат правилата за градба, за да не ја загрозуваат нивната безбедност и да не ја уништуваат животната средина.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk