Италијански експерт ќе помогне при конзервација на Св.Ѓорѓи

13.02.2015 11:39 | KumanovoNews

Италијанскиот експерт Симон Варак деновиве ја посети црквата Св.Ѓорѓи во село Старо Нагоричане, по што ќе даде препораки на кој начин да се конзервираат фасадните камења на црквата.

Италијански експерт ќе помогне при конзервација на Св.Ѓорѓи

Варак земал примероци од камењата, ќе го испита нивниот состав и ќе направи извештај како треба да се конзервира фасадата која има големи оштетувања.

“Меѓународниот експерт работел на проекти во повеќе земји и беше воодушевен од фреските во Св.Ѓорѓи. Ќе го испита составот на камењата, солите, алгите, мовта и ќе испрати извештај со кои методи и материјали да се конзервираат фасадните камења“ - вели Цветанка Хаџипецова, координатор на проектот за конзервација на Св.Ѓорѓи.

Со проектот финансиран од Министерството за култура ќе бидат конзервирани архитектурата, ѕидното сликарство, иконостасот, надгробните плочи и откриените археолошки ѕидови во овој верски храм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk