Иван Илиевски нов претседател на младите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

17.02.2022 09:57 | Сузана Николиќ

Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Иван Илиевски за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Иван Илиевски нов претседател на младите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

Илиевски е студент на втора година на Факултетот за безбедносно инжинерство на Меѓународниот славјански универзитет. Член е на УМС од 2019 година, а беше на листата на советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

„Заедно продолжуваме силно, енергично и обединето. Ќе работиме за подобро утре на секој еден млад човек и за силна и стабилна Република Македонија. Промените во Македонија започнаа, младите ќе бидат главниот мотор за нова победа на ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Досегашен претседател на УМС ВМРО -ДПМНЕ ОК Куманово беше Филип Стефановски. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk