Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ивана Ѓорѓиевска, помошник директорка во Основното училиште „Кочо Рацин“ е носителка на независната листа за советници во Советот на Општина Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
Ѓорѓиевска има завршено општа и компаративна книжевност во Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а работи како училишен библиотекар. Досега не била политички експонирана.
Кандидат за независен градоначалник на истата листа е актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој најави дека носителка на листа ќе биде жена.
„Жена којашто ќе даде свој допринос во иднина да се развива и правото на понежниот пол, а воедно и да се задржи еден тренд во нашиот град каде што жените секогаш имале еднакви можности со нас мажите“, кажа Димитриевски на неговата промоција.
Тој со носителката на независната советничка листа завчера попладне симболично се потпишале како илјадити потписници на граѓанската иницијатива за кандидатури на претстојните локални избори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk