Ивана Лазаревска - нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

19.04.2022 15:31 | Сузана Николиќ

Ивана Лазаревска е новата претседателка на Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Taa е дипломиран социјален работник, вработена во Центарот за социјални работи во Куманово.

Ивана Лазаревска - нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Лазаревска, најавува засилена агенда во наредниот период со повеќе настани и содржини, а нејзиниот тим ќе го сочинуваат  мотивирани, конструктивни и енергични жени, заради нови победи и успеси.

Таа е активен член на ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе работи на политичко и економско јакнење на жената во општеството. Ќе се бори за поголема родова застапеноста на жените во јавниот живот, а како професионалец подготвена е да пружи заштита на жената од секаков вид на насилство. 

Лазаревска доаѓа на местото на досегашната претседателка Сузана Максимовска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk