Иванов 400 гласа повеќе од Пендаровски во Куманово

28.04.2014 10:22 | KumanovoNews

Ѓорѓе Иванов, претседателски кандидат на ВМРО - ДПМНЕ во Куманово вчера освои скоро 400 гласа повеќе од Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.

Иванов 400 гласа повеќе од Пендаровски во Куманово

За Иванов гласале 22.897 гласачи или 48,54 отсто, а за Пендаровски 22.505 гласачи односно 47,71 отсто. Излезноста во Куманово за претседателските избори беше 52,14 отсто.

Во Општина Старо Нагоричане за Иванов гласаа 1.401 гласач односно 58,94 отсто, додека за Пендаровски гласаа 919 гласачи или 38,66 отсто. Излезноста во оваа општина беше 66,01 отсто.

Иванов во Општина Липково доби 589 гласови или 46,71 отсто, а за Пендаровски гласаа 580 гласачи или 46 отсто. Излезноста во општина Липково беше 5,34 отсто. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk