Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Цветанка Ивановска, на денешната прес-конференција информираше дека во следниот мандат општината продолжува со развојот на гасификација во Куманово.
„Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ имаме за цел да продолжиме со развојот на гасификацијата во Куманово. Во нашата програма, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа. Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта“, кажа Ивановска.
Таа наведе дека следните четири години ќе продолжиме со заштита на животната средина преку реализација на низа проекти. Како дел од приоритетни ги издвои:затворање на депонија Краста, зголемување на буџетот за одржување на хигиена на јавни површини, изградба на три нови градски паркови, нови дрвореди покрај улиците и уредување на речно корито на реките Липковка и Кумановка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk