Избирачкиот список повторно на увид

17.03.2014 10:08 | KumanovoNews

До крајот на март граѓаните повторно ќе можат да извршат увид во избирачкиот список во просториите на Државна изборна комисија.

Избирачкиот список повторно на увид

Досега 500 граѓани непосредно или по телефон извршија увид во списокот и се поднесени 55 барања за промена кои се препратени до ДИК во Скопје и до Државен завод за статистика. Со матичен број во секое време граѓаните електронски можат да проверат дали ги има во списокот. Ако ги нема треба да дојдат кај нас и да донесат само копија од лична карта - вели Момчило Димковски, раководител на ДИК Куманово.

За да го остварат правото на глас на претстојните парламентарни и претседателски избори граѓаните мора да ги има во избирачкиот список.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk