Изборна конференција на СДСМ Куманово: Тушевски ќе го промовира новото општинско раководство

11.05.2022 10:44 | Сузана Николиќ

Новиот претседател на СДСМ Куманово, Александар Тушевски вечерва на Изборна конференција ќе ги претстави своите соработници, кои ќе бидат дел од раководните тела на општинската организација во наредните 4 години.

Изборна конференција на СДСМ Куманово: Тушевски ќе го промовира новото општинско раководство

Според партиски извори, новиот состав на Извршниот и Надзорниот одбор, ќе го сочинуваат главно нови и млади луѓе, но и докажани партиски борци, професиналци, општествено препознаени, кои биле маргинализирани во изминатиот период.

Меѓу новите лица има доктор, архитект, адвокат, психолог, правници, професори, економисти и др. 

Извршниот одбор брои 19 членови и Надзорниот одбор 5,  а комплетниот состав ќе се знае откако ќе биде изгласана нивната доверба на Изборната конференција. 

На седницата најавено е присустство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска, пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска.  

Лидер на СДСМ во Куманово, Александар Тушевски вечерва ќе одржи состанок ос ИО на кој ќе го предложи и својот избор за секретар на партијата. За оваа функција за првпат во историјата на организацијата ќе биде избрана жена. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk