Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на кои ќе им се случи повреда на избирачкото право во вториот круг на претседателските и на предвремените парламентарни избори, можат да пријават кај Народниот правобранител.
Бесплатната телефонска линија 0800-54321, утре ќе функционира од 7 до 19 часот.
Канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово граѓаните можат да ја посетат и лично или да се јават на телефонскиот број 031 431-488.
Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со превземање на итни мерки за ефикасно постапување од надлежните органи во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните згарантирани права-информираат од Омбудсманот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk