Избран сувенир на Општина Куманово за 2020 година

24.11.2020 09:14 | KumanovoNews

 Стаклено шише извезено со слама и коноп со слики од кумановски крај во кутија, изработено рачно од Здружението на уметници-ракотворни „АРТИ КРАФТ“ е избрано за сувенир на Општина Куманово за 2020 година.

Избран сувенир на Општина Куманово за 2020 година

Сувенирот е избран од страна на Комисијата за избор на сувенир на општината, по претходно објавениот јавен конкурс. Наградата изнесува 30 илјади денари.

Гордана Митровска, потпиша договор со Oпштина Куманово, и треба да достави одредена количина на сувенирот во општината.

На конкурсот имаа можност да учествуваат правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, односно со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Согласно критериумите, сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, како и да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk