Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово, ги избраа членовите на управниот и надзорен одбор на новоформираното јавно претпријатие „Куманово-план“.
Александар Владевски, Бранко Бојковски, Марио Доневски, Олгица Вељковиќ и Беким Азири, се членови на управниот одбор.
Матерјално- финсиското работење ќе го контролира надзорниот одбор во состaв: Маја Петковска, Драган Митевски,Бурханедин Џемаили, Наташа Тасева и Мевљан Џемаили.
Опозицијата обвини дека се работи за партиски предлози, кои немаат адекватно стручно образование, кое е поврзано со основната дејност на претпријатието.
„Колку што јас гледам ниту еден од предлозите нема образование што припаѓа на фелата. Сметам дека ова е голем пропуст, со кој овие одбори ќе бидат оштетни, затоа што сите овие луѓе, не навлегувам во нивниот квалитет бидејќи сите се со високо образование, но се ваши истакнати партиски членови. Сметам дека во управен и надзорен одбор е потребно да има архитект, градежен инжинер, кој ќе даде допринос да се работи, совесно, чесно и професионално, - изјави Анета Шандева од ВМРО-ДПМНЕ.
На иста линија беше и советникот Осама Мујадини, кој смета дека на новите одбори им фалат професионалци од областа на урбанизмот.
Претседалката на Советот Атина Мургашанска, ги бранеше предлозите со тоа што тврдеше дека не се работи за вработувања и за екипираност на идниот персонален состав во претпријатието, туку за членови на одбори кои ќе го контролираат правното и матерјално-финсиско работење, па затоа се предложени главно правници и економисти, кои се најсоодветни во фазата на формирање на новото претпријатие.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk