Избрани нови регионална координаторка и општинска претседателка на Форумот на жени на СДСМ

24.06.2021 07:26 | KumanovoNews

Советничката Ивана Николиќ е избрана на регионална координаторка на Форумот на жени во Изборна единица два, додека раководителката во УЈП Јасмина Георгиевска е претседателка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

 
Избрани нови регионална координаторка и општинска претседателка на Форумот на жени на СДСМ

„Форумот на жени на СДСМ, Куманово продолжува силно и рамноправно заедно со нашите партиски другари во креирање на родови политики и еднакви можности на мажите и жените. Одиме заедно, силно и гордо!“, напиша Георгиевска.

Истовремено се избрани и претседателки на жените на СДСМ во Старо Нагоричане, Емилија Марковиќ и на Липково, Ариета Мухтари Бајрами.

„Жените социјалдемократки се авангардата на женското движење во државата и регионот во сите сфери на унапредување на положбата на жените и еднаквите можности за сите. Рамноправно со нашите партиски другари, продолжуваме сите заедно во нови дострели и нови победи“,  објави поранешната претседателка и координаторка на Форумот на жени,  Атина Мургашанска.

Николиќ доаѓа на местото на регионалната координаторка Атина Мургашанска, а Георгиевска наместо Соња Тодоровска, која сега е член на ЦО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk