Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стојадин Марковски - Цоци (68) од населбата Карпош е човекот за кој полицијата вчера извести дека е исчезнат. Тој во неделата доцна навечер излегол да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Откако не успејале да го најдат пријавиле во полиција.
„На 15.02.2021 во СВР Куманово, В.М.(73) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.М.(68)“, соопшти Кумановската полиција.
Стојадин живее со сопругата и нема блиски роднини, поради што негови пријатели бараат да се помогне во негово пронаоѓање. Тие ни испратија слика и ги молат сите граѓани кои ќе го видат или знаат нешто во врска со него да пријават во полициската станица во Куманово. Бил облечен во црвена јакна, фамерки и бели патики.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk