Издадени 20 одобренија за градба во септември во регионот

09.11.2015 14:03 | KumanovoNews

Во североисточниот регион во септември годинава се издадени 20 одобренија за градба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Издадени 20 одобренија за градба во септември во регионот

Од нив 14 се издадени во Куманово, и тоа 12 на физички лица, а 2 на деловен субјект. Во Крива Паланка се издадени 3 одобренија, 1 на физичко лице и 2 на деловен субјект. Во Липково е издадено 1 одобрение на деловен субјект. Во општина Старо Нагоричане во овој период  се издадени 2 одобренија за градба на деловни субјекти.

Во септември во општините Кратово и Ранковце воопшто не се издадени одобренија за градба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk