Издавање на препис на даночно решение за персонален данок

16.01.2014 13:43 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните, кои не добиле даночно решение од било кои причини, а имаат поднесено Годишна даночна пријава за 2012 година, односно имале обврска, а не доставиле Годишна даночна пријава, можат да побараат препис на решение.

Издавање на препис на даночно решение за персонален данок

Образец можат да пополнат доколку имаат потреба од препис на определено решение (решение добиено по основ на данок од добивка,  данокот на додадена вредност, персонален данок од доход, фискализација и друго).

Имено, поднесување на барање за издавање препис на решение не е обврска туку можност која ја нуди Управата за јавни приходи заради квалитетна услуга на своите даночни обврзници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk