Издавањето имот под закуп да се пријави во УЈП

17.04.2013 13:57 | KumanovoNews

 Граѓаните кои планираат да издаваат имот под закуп треба 15 дена од остваравање  на приходите, до УЈП да поднесат аконтативна даночна пријава и прилог од договор за закуп.

Издавањето имот под закуп да се пријави во УЈП

Ако договорот за закуп е склучен помеѓу две физички лица - граѓани, во тој случај врз основа на поднесената аконтативна пријава, УЈП на граѓанинот му доставува решение со кое се задолжува да плати персонален данок на доход. Граѓанинот е должен аконтацијата на данокот да ја плати месечно, до 15 во месецот за претходниот месец. Доколку граѓанинот имотот го издава под кирија на фирма, односно како договорни странки се јавуваат закуподавецот и правно лице, обврска да го пресмета , задржи и плати персоналниот данок во име на граѓанинот има исплатувачот на приходот, односно фирмата - изјави Сузана Стошевска Николовска, раководител на УЈП Куманово.

За доцнење или неподнесување на аконтативна даночна пријава следи парична казна од 500 до 1000 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk