Изгаснат пожар во близина на манастирот Матејче, горела сува трева на голема површина

14.04.2021 07:01 | KumanovoNews

Пожарот, кој вчера избувнал во атарот на селото Матејче, во близина на манастирот „Пресвета Богородица“, целосно е изгаснат. Пожарот бил пријавен во 15.40 часот, по што екипи на противпожарната единица Куманово излегле на терен.

Изгаснат пожар во близина на манастирот Матејче, горела сува трева на голема површина

„Опожарена е сува трева со поголема површина - под Матејачкиот манастир. Пожарот е локализиран околу 18 часот кога почна да врне дожд и екипите се повлекоа од терен. Во раните утрински часови ќе направат контрола на опожарената површина, во случај на повторно активирање на пожарот соодветно ќе се делува“, соопштуваат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Во гаснење на пожарот учествувале и вработени во Шумско стопанство.

Вториот пожар е на сува трева во атарот на с. Тромеѓа, во периодот од 19,35 до 21,15 часот, причина – непозната.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово, велат дека пожарите намерно се подметнуваат.

Во македонскиот законик, „предизвикување шумски пожар“ е кривично дело против животната средина и природата и предвидена е казна затвор од 8 години.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk