Изгаснат пожарот на депонијата „Краста“ за кој се претпоставува дека е подметнат

14.07.2018 14:42 | KumanovoNews

Вчера доцна попладне изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“, во близина на селото Пчиња.

Изгаснат пожарот на депонијата „Краста“ за кој се претпоставува дека е подметнат

Како што соопштуваат од ЈП „Чистота и зеленило“, пожарот бил целосно локализиран околу 20 часот.

„ По целодневна борба, огнот е целосно изгаснат и ставен под конторла. Остана да тлее и да чади дел од ѓубриштето, но тоа е под контрола и нема опасност повторно да се разгори“ - изјави директорот Даниел Стојчевски.

Тој се сомнева дека депонијата е намерно запалена, бидејќи пожарот истовремено се појавил на 5 различни места. Затоа бара од полицијата да спроведе темелна истрага и да ги најде потпалувачите.

Се претпоставува дека пожарот го подметнале собирачи на старо железо, кои  полесно ги наоѓаат остатоците од метал откако ќе изгори ѓубрето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk