Изгаснат пожарот во липковско

05.08.2023 10:18 | Сузана Николиќ

Ноќеска е изгаснат пожарот во липковското село Слупчане.

Изгаснат пожарот во липковско

„Благодарение на пожртвуваната и храбра акција  на кумановските пожарникари со поддршка на локалното население, околу полноќ пожарот во липковско беше локализиран. Во овој момент нема пожар, но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Куманово се наоѓа на терен“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот избувна вчера попладне на потегот помеѓу липковските села  Слупчане и Ваксинце и зафати појас од околу 300 метри. Пожарот се ширеше кон селото Алашевце, и имаше опасност да ја зафати боровата шума.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk