Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановската полиција вчера во 12.50 часот било пријавено дека настанал пожар во аптека на улица „Доне Божинов“ во Куманово.
Пожарот e изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
„Интервенцијата на опожарената аптека на ул. „Доне Божинов“ во близина на Автобуска станица Kуманово беше во период од 12.40 до 13.30 часот. Интервенирано е со 1 ПП возило и 5 пожарникари“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Полициска екипа извршила увид на лице место. Причината и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk