Изгоре Ауди на „Моша Пијаде“

24.04.2018 12:25 | KumanovoNews

Ноќеска по полноќ изгоре автомобил на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово.

Изгоре Ауди на „Моша Пијаде“

Опожарено е патничко возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на С.К. од Куманово, кој живее во зграда на улицата „Моша Пијаде“.

 Пожарот бил пријавен околу 02,30 часот, а возилото целосно изгорело.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk