Изгоре автомобил на кумановец

09.11.2022 12:28 | KumanovoNews

 Во Кумановската полиција синоќа во 20.40 часот било пријавено дека на улица „Гоце Делчев" во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто" со кумановски регистарски ознаки. 

Изгоре автомобил на кумановец

„Автомобилот е во сопственост на 25-годишен жител на Куманово“, соопшти СВР Куманово. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица во Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk