Изгоре автомобил во Романовце

21.12.2018 17:17 | KumanovoNews

Автомобил „пежи 306“ целосно изгоре во селото Романовце. Пожарот избуванал кратко по полноќ, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово.

Изгоре автомобил во Романовце

Во моментот кога пожарникарите се приближиле експлодирала плинска боца. Пожарникарите само успеале да го локализираат пожарот на автомобилот кој целосно изгорел.

Во текот на изминатите 24 часа пожарникарите имале интервенција на запален оџак на ул. „Ужичка“  бр.10.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk