Изгоре борова шума во Слупчане

02.04.2016 08:52 | KumanovoNews

Околу четири хектари борова шума изгореа во пожар кој избувнал синоќа околку 18.30 часот над липковското село Слупчане.

Изгоре борова шума во Слупчане

Поради непристапниот терен екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интеревенираат, стои во дневниот билтен на Регионалниот Центар за управување со кризи – Куманово.

Пожарот целосно е изгаснат околу 22 часот од петмина вработени од „Македонски шуми“, изјави Ваит Саити, директор на кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“.

Причината за настанување на пожарот и предизвиканата материјална штета засега не се познати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk