Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем шумски пожар вчера изгоре поголема површина на букова шума помеѓу селата Виштица и Ропаљце.
Пожарот бил предизвикан од запалено стрниште, а се проширил на букова шума и засадени ниви со површина од 20 хектари, приватна сопственост.
Пожарот го гаснат екипи на Територијална противпожарна заштита Куманово.
Во текот на вчерашниот ден имало уште 6 пожари на отворено и тоа: на Никуљски пат кај м.в. Почивало запалено стрниште, во Лојане запалена сува трева, Слупчане запалена сува трева и стрниште, нас.Банево трло запалена бандера, во Орашац запалена сува трева, дабова и ниско стеблеста шума и Смилковци во Старо Нагоричане запалено стрниште и сува трева.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk