Изгоре гаража и шупа во н. Карпош

15.08.2018 08:00 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера изгорeа помошни простории во населбата Карпош.

Изгоре гаража и шупа во н. Карпош

 Пожарот избуванал во 12.45 часот, при што ги зафатил гаражата и шупата, кои целосно изгореле. Пожарот е локализиран во 14.40 часот од страна на Противпожарната единица Куманово. Причината и матерјалната штета не е позната.

Од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК) соопштуваат дека вчера е регистриран пожар и во селото Речица на  Железничка станица Карпош, каде горело стрниште од 19.40 до 21.25 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk