Изгоре канцеларија во Кумановската полиција

21.02.2018 09:50 | KumanovoNews

Изгоре дел од канцеларијата на Oтсекот за превенција во зградата на СВР Куманово.

Изгоре канцеларија во Кумановската полиција

Пожарот избувнал вчера околу 7 часот на првиот кат, а го забележал еден од вработените кој порано дошол на работа. Со присебност на вработените и противпжарната единица пожарот бил изгаснат во 7.45 часот и не се проширил на останатите канцеларии во објектот.

Матерјалната штета допрва ќе се утврдува, но огнот ги оштетил компјутерите, а изгорела и дел од документацијата. Причина за пожарот е најверојатно застарена електрична инсталација.

И од ТППЕ Куманово соопштуваат дека имале една интервенција во СВР Куманово на запалена канцеларија во периодот од 07.08-07.45 часот, со едно возило-цистерна и 5 пожарникара.

Во Кумановската полиција пред повеќе од еден месец гореше канцеларијата на одделот за аналитика, и тогаш причина беше старата електрична инсталација, а беше предизвикана само матерјална штета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk