Изгоре кров на куќа и штала со добиточна храна во Пчиња

14.10.2016 14:14 | KumanovoNews

Во голем пожар завчера вечер, изгореле кровна конструкција на куќа и помошни простории со добиточна храна  во селото Пчиња.

Изгоре кров на куќа и штала со добиточна храна во Пчиња

Огнот се појавил околу 19.30 часот, во една од помошните простории и брзо се проширил на останатите објекти и куќата.

На лице место пристигнала противпожарната единица и за кратко време пожарот го ставиле под контрола, а целосно го изгаснале во 23 часот.

Во пожарот изгорел кровот на куќата, 5 тони пченка, 100 бали сено и детелина, 5 прасиња и друга храна за добитокот.

Увид на лице место извршила полицијата и се работи на откривање на причините за пожарот.

Вчера пожарникарите интервенирале во 4.25 часот по полноќ на булеварот Октомвриска револуција, при гаснење на запалена скара и оџак во ресторанот „Жмара“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk