Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре куќа во населбата Карпош во Куманово.
Пожарот настанал од експлозија на расипана плинска боца во кујната, па брзо се проширил и го зафатил кровот на куќата. Сопственикот Цане Спасовски (50), во моментот на избувнувањето на пожарот седел во другата соба.
Слушнав силна експлозија. Излегов надвор и видов дека гори кујната.Се обидов нешто да извадам меѓутоа безуспешно. Изгоре се што имаше, шпорт, фрижидер, витрина, кујински елементи, кровот на куќата. Сигурно пукнала плинската боца, не беше исправна шуштеше.„, - раскажува Спасовски.
Тој веднаш викнал пожарна која го изгаснала огнот, но трошаната куќа може секој момент да падне.
Куќата е стара а сега ова дополнително ја оштети, бидејќи изгоде кровот. Ќе мора се да се сруши и да се гради од темел, - раскажува Цане.
Тој живее сам со социјална помош од 1300 денари. Во куќата нема струја ни вода. Затоа апелира до сите добронамерни луѓе, кои имаат стар мебел или градежен матерјал да му помогнат. Цане ќе прифати и било каква работа само да си ја поправи куќата.
Црвен крст Куманово денеска донираше пакет со храна, душек и ќебе за несреќниот човек.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk